За проектот

  • Во рамките на овој проект ќе се истражува како може органскиот отпад да се користи за изработка на еколошки средства за чистење кои нема да бидат штетни за здравјето на учениците, а и нема да ја загадуваат околината
  • Најпрво ќе се реализира истражување колку органски отпад продуцираме како семејство во текот на една недела. Потоа ќе се презентираат резултатите.
  • Ќе се реализираат низа експрерименти со цел да се утврди колку класичните средства за чистење се отровни со следење на растенијата во чија почва е истурено средство за чистење. Потоа ќе се мери корозивноста и ph вредноста на средсвото за чистење.
  • Учениците поделени во групи ќе истражуваат можни начини за искористување на органскиот отпад  за изработка на средство за чистење. Се презентираат резуолтатите од истражувањето.
  • Се изработува средство за чистење со користење на оцет и органски отпадоци (лушпи од портокали, лимони и јаболки) со додаток на цимет. Се проверува ефикасноста на средството и неговата токсичност и ph вредност.
  • Истражувањата и резултатите како и методологијата за добивање на средството за чистење ќе се објават на веб сајт крериан за таа намена. Исто така ќе се изработи и мобилна апликација – квиз која ќе се постави на playstore.
  • Ќе се проверува дали може да се зголеми ефективноста на средството за чистење со додавање на сода бикарбона.
  • Тим од ученици ќе дизајнира пакување на средството за чистење со цел да може да се вклучи и сода бикарбоната камо појачувач на ефектот. Дизајниранотот пакување ќе се отпечати на 3D принтер.
  • На крајот ќе се одржи настан за промоција на средството за чистење, веб сајтот и мобилната апликација пред учениците, наставниците, родителите и  локалната заедница.