Проектот е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој
За проектот
Во рамките на овој проект ќе се истражува како може органскиот отпад да се користи за изработка на еколошки средства за чистење кои нема да бидат штетни за здравјето на учениците, а и нема да ја загадуваат околината
Најпрво ќе се реализира истражување колку органски отпад продуцираме како семејство во текот на една недела. Потоа ќе се презентираат резултатите.
Ќе се реализираат низа експрерименти со цел да се утврди колку класичните средства за чистење се отровни со следење на растенијата во чија почва е истурено средство за чистење. Потоа ќе се мери корозивноста и ph вредноста на средсвото за чистење.
Учениците поделени во групи ќе истражуваат можни начини за искористување на органскиот отпад за изработка на средство за чистење. Се презентираат резуолтатите од истражувањето.
Се изработува средство за чистење со користење на оцет и органски отпадоци (лушпи од портокали, лимони и јаболки) со додаток на цимет. Се проверува ефикасноста на средството и неговата токсичност и ph вредност.
Истражувањата и резултатите како и методологијата за добивање на средството за чистење ќе се објават на веб сајт крериан за таа намена. Исто така ќе се изработи и мобилна апликација – квиз која ќе се постави на playstore.
Ќе се проверува дали може да се зголеми ефективноста на средството за чистење со додавање на сода бикарбона.
Тим од ученици ќе дизајнира пакување на средството за чистење со цел да може да се вклучи и сода бикарбоната камо појачувач на ефектот. Дизајниранотот пакување ќе се отпечати на 3D принтер.
На крајот ќе се одржи настан за промоција на средството за чистење, веб сајтот и мобилната апликација пред учениците, наставниците, родителите и локалната заедница.