Categories
Активности Експериметни

Изработка на органско средство за чистење

За изработка на органско средство за чистење потребно е:

  • лушти од портокали или лимони (овошјето мора да биде цитрусно)
  • една тегла
  • алкохолен оцет

Најпрво секој од вашето семејство треба да изеде барем по еден портокал. Така си го зачувуваат своето здравје.

Зачувајте ги лушпите и наполнете ја теглата до горе. Потоа во неа истурајте алкохолен оцет да се наполни до врвот. Затворете ја добро теглата. Оставете да стои во собата две недели. Повремено промешувајте. После две недели смесата ќе биде спремна за претварање во органско средство за чистење.