Денес нашиот производ имавме можност да го промовираме пред потенцијални донатори на Регионалниот саем на социјалните претпријатија од Вардарскиот регион во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на Вардарски плански регион и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.
Настанот се организира во рамките на Глобалната недела на претприемништво, во соработка со X Фактор Акцелератор од Велес.
Проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, поддржан од Европската Унија, го спроведува Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Нашите ученици успешно го претставија нашиот производ, но и се запознаа со можностите за социјални претприемништво.