Categories
Активности Експериметни

Мерење на pH вредност, корозивност на органското средство за чистење

Го изработивме нашето средство за чистење. После две недели средството се прецадува, и се става во шише со пумпица. На средството м у се додава детергент за садови околу еден прст.

Преминавме на мерење на pH вредноста на средството. Со користење на универзален индикатор учениците измерија pH вредност 5, што значи дека средството е слаба киселина. Кога ќе го мириснеш не ги надразнува носот и очите.

Со потопување на ткаенина утврдивме дека средството не е корозивно – не се смени бојата ниту пак ткаенината се скина.

Средството е спремно за проверка на неговара ефикасност. Учениците го испробаа со чистење дома и може да се види од сликите пред/потоа неговар ефикасност.