Categories
Активности Експериметни

Експеримент – мерење на отровност, корозивност и pH на класичните средства за чистење

Мерење отровност

За мерење на отровноста на средството најдобро е да се искористи растение, во нашиот случај ние искористивме пченица која учениците ја засадија. Кога ќе потпорасне може да се започне со залевање со средствотро за чистење. учениците го сликаат растението пред започнување со залевањето, и потоа го сликаат со секое залевање. Ако средството е повеќе отровно растението побргу ќе угине. Заклучок: многу од средствата за чистење кои ги користиме дома се отровни.

Мерење на корозивноста

За да се измери корозивноста на средството за чистење доволно е парче ткаенина и да се потопи во средството. Од кога ќе се исуши кај него се забележуваат промени на бојата, белеење дури и кинење ако средството е многу силно

Мерење на pH вредноста на средствата за чистење

За ова е потребно индикатор за мерење како и скала на вредности на која според бојата која ќе ја добие индикаторот се одредува вредноста. Индикаторот се потопува во средството за чистење. Од кога ќе се обои се споредува со скалата и според бојата се запишува pH вредноста. Заклучивме дека класичните средства за чистење најчесто се силни киселини или силни бази.